„Двојникот на Роналдо“ предизвика хаос на аеродромот во Торино

Армандо Ицо, новиот играч на Торино, предизвика хаос на аеродромот во градот откако вработените помислија дека е Кристијано Роналдо. Со капче и со очила за сонце, Ицо ги збуни речиси сите на аеродромот што само ја потврдува возбудата која владее во градот од потенцијалното доаѓање на Кристијано Роналдо во Јувентус. Поради преголемата желба, Роналдо да го засили италијанскиот шампион, фановите на „старата дама“ едвај чекаат португалската мегаѕвезда да пристигне во Торино.

Армандо Ицо летово потпиша од Џенова за италијанскиот калчолигаш Торино.

Се вчитува...