Е. Пелистер 2 успеа да стигне до нова победа во домашниот шампионат, откако во премиерниот натпревар од денешната програма од 12. коло во Суперлигата, славеше против локалниот ривал Прилеп со 31-28.
Во првиот дел двата тима одиграа израмнето, па по 30 минути игра домаќините имаа позитива од само два гола 13-11. Во вториот дел младите битолчани одиграа на високо ниво и на крајот стигнаа до конечен триумф од 31-28.
Христијан Митревски со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Димитар Димитриоски постигна 10 гола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

