Е. Пелистер се засили со полскиот „џин“ Матеуж Пиеховски

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во своите редови го донесе полскиот „џин“ Матеуж Пиеховски. Станува збор за повремен репрезентативец на својата земја, кружен напаѓач и со големо искуство низ европските лиги.

Пиеховски е дете на Висла, а настапувал и за Адемар Леон, Витктор Савропол од Русија, германски Емшдетен и турскиот тим Бешикташ. Пиеховски е висок 210 сантиметри.

Тој веќе е во Битола, и му се стави на располагање на стручниот штаб. Потпиша договор со битолскиот тим на една и пол година, но ќе биде промовиран следната недела.

Се вчитува...