Е. Пелистер со пресврт го совлада Бутел

Во последниот меч од ракометната Суиперлига, Еурофарм Пелистер дојде до победа над Бутел со 30-22. Иако по првиот дел имаа негатива од 12-14, сепак, на крајот битолчани дојдоа до триумфот, и така му приредија победничко збогум на Жељко Бабиќ на клупата на Еурофарм Пелистер.

Мечот не почна навреме поради тоа што гостите не стигнаа навреме. Причина беше невремето кое владееше низ земјава во текот на денешниот ден.

Најефикасен на средбата беше Мараш кој постигна седум гола, додека Јефтиќ даде шест кај гостинскиот тим.

Се вчитува...