Еден автогол и еден гол со ВАР проверка, за славје на „кралевите“ со Валенсија… (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со 2-0 против Валенсија во 14. коло од шпанската Ла Лига во меч во кој го одлучија еден автогол на гостите на самиот почеток и уште еден погодок во финишот.

„Кралевите“ до водство дојдоа со автоголот на Вас уште во 8. минута од средбата…

Конечните 2-0 дојдоа во 83. минута со погодокот на Лукас. Сепак, главниот судија одлучи да побара потврда и од ВАР системот за на крајот и да го признае голот.

Реал Мадрид по овој триумф има 23 бода, три помалку од водечката Севилја која има и натпревар помалку. Барселона е на второто место со 25 бода.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...