Еден Азар избран за најдобар белгиски фудбалер за 2017 година

Ѕвездата на Челси, Еден Азар, за прв пат во својата кариера ја освои наградата за најдобар белгиски фудбалер. Офанзивецот на „сините“ заслужено е избран за најдобар во 2017 година, доби вкупно 326 гласови, 11 повеќе од својот репрезентативен колега и член на Манчестер сити, Кевин Де Бруин, додека на трето место според бројот на гласови е Дрис Мертенс од Наполи.

„Прв пат ја освојувам оваа награда и мило ми е што ја додавам во мојата колекција. Се надевам дека нема да ми биде и последна. Јас гласав за Мертенс, имаше одлична година за себе, постигна многу голови за Наполи играјќи на позиција на која претходно не беше навикнат“, истакна Азар.

27-годишното крило беше клучен фактор на Челси во освојувањето на титулата во Англија минатата сезона, постигнувајќи 16 погодоци. Оваа сезона фудбалерите на Антонио Конте се соочуваат со големи проблеми, но Азар како лидер на екипата се труди да ги одржи тимот во „живот“ во трката за пласман меѓу четирите најдобри екипи во Премиер – лигата.

Азар со Белгија обезбеди и настап на претстојното Светско првенство во Русија. „Ѓаволите“ ќе се соочат со Англија, Тунис и Панама во групата Г.

Се вчитува...