Еден Азар подготвен за камбек на утрешниот дуел со Лестер

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, може да здивне, затоа што ќе го има на располагање Еден Азар за утрешниот меч против Лестер на гостински терен. Се уште не е познато дали Азар ќе стартува во составот на „сините“, но ја надмина повредата и подготвен е да му помогне на тимот.

„Тој работеше напорно за да се подготви после повредата. Сигурно ќе добие минутажа, а колку ќе игра ќе одлучам непосредно пред мечот“, изјави Антонио Конте.

Своето деби се очекува да го има и Дени Дриквотер, и тоа против довчерашниот клуб Лестер.

„Тој е големо засилување за нас. Минатата седмица напорно тренираше, разбирам дека тој сака веднаш да се наметне, тоа е одлично за конкуренцијата во составот“, истакна менаџерот на Челси.

Се вчитува...