Еден Азар заминува во пензија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар планира да се повлече од професионалниот фудбал во 2024 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Договорот на Белгиецот со „кралскиот“ клуб истекува следната година.

„Планирам да останам уште една година во Реал. Очекувам да биде така и да ја завршам последната година од договорот“, изјави Азар по освојувањето на „Купот на кралот“.

Азар играше неверојатен фудбал додека беше во Челси, по што следеше трансфер во Реал Мадрид вреден 100 милиони евра. Во Мадрид следува вистински пад на неговата кариера, каде го следеа повреди и каде што не пружи ништо од она што го очекуваа челниците на мадридскиот клуб.

Се вчитува...