Еден ден во јули, еден град, две епски финалиња и милиони воздишки ширум светот (ВИДЕО)

Еден град две историски финалиња и милиони воздишки ширум светот го одбележаа 14. јули 2019 година, ден кој ја одбележа годинава што изминува на спортски план.

Во „Ол ингланд“ клубот во Лондон се одигра епското финале на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. По 4 часа и 57 минути игра Србинот успеа да го добие Швајцарецот со 13-12 во историскиот прв тај-брејк во одлучувачкиот сет на неофицијалното светско првенство во тенис. Судбината си поигра со двајцата тенисер и гледајќи реприза на мечот од УС опен 2011 кога Ѓоковиќ успеа да спаси две меч топки против Федерер. Лондонската трева беше сведок на нов епски натпревар и нова драма во која повторно за нијанса подобар и посреќен беше популарниот Ноле.

Додека милионите тениски фанови ширум светот го следеа вимблдонското финале, на другата страна од Лондон, Англичаните се обидуваа да го вратат дома трофејот кој го сметаат за домашен производ. Не се работи за фудбал, туку за крикет. Во финалето на Светското првенство тие се сретнаа со Австралија и по голема драма и 12 часа игра, во дополнителниот „овер“ успеаја да слават и да стигнат до историската прва титула.

Се вчитува...