„Еден-два“ за Мерцедес на квалификациите за ГН на Унгарија (ФОТО)

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата пред утрешната трака за ГН на Унгарија. Веднаш до него ќе стартува неговиот клупски колега Валтери Ботас, додека Холанѓанецот Макс Ферстапен ќе ја започне трката од третата позиција.

Британецот извозе време од 1:15.419 кое за три десетинки беше подобро од она на Ботас, односно четири во однос на возачот на Ред Бул.

Од четвртата позиција трката ќе ја почне Серхио Перез, петти е Гасли, додека помеѓу првите десет возачи местото го осигураа и Норис, Леклер, Окон, Алонсо и Фетел.

Се вчитува...