Еден е Балотели – даде гол со „ножички“, па сними „видео во живо“ од славјето

Марио Балотели е извонредно засилување за Олимпик Марсеј, откако Италијанецот ја продолжи голгетерската серија и на вечерашното дерби со Сент Етјен, и тоа со стил откако со фантастичен удар со „ножички“ ја закова топката во противничката мрежа.

И тоа не е се.. „Супер Марио“ потоа се погрижи и прославата да биде подеднакво атрактивна како и самиот погодок, веднаш го зеде мобилниот телерфон од еден од камерманите и… многумина би се сликале „селфи“, но Балотели сепак е различен од сите, па се реши за „видео во живо“ од прославата.

 

Се вчитува...