Еден е Балотели – стрелец на првиот гол во Серија А две децении по ред

Марио Балотели го постигна водечкиот погодок за Бреша на денешниот дуел со Лацио, воедно и прв гол во италијанскиот шампионат за 2020 година.

Она што е уште поинтересно е податокот дека „Супер Марио“ е стрелец на првиот гол во Серија А во новата деценија, исто како што беше случај и во претходната. Балотели беше стрелец за Интер на гостувањето против Киево на 6 јануари 2010 година, прв гол во таа деценија, куриозитет што го повтори и во новото десетлетие.

Се вчитува...