Еден е Буфон: Цел Јувентус побегна, само тој остана да честита (видео)

Јувентус беше шокиран со гол во последната минута на дербито со Наполи, па фудбалерите на „старата дама“ со наведнати глави се упатија кон соблекувалните по последниот свиреж на судијата.

Сите со исклучок на голманот Џанлуиџи Буфон, кој остана на теренот до самиот крај и не си замина додека не им честита на сите „наполитанци“ на добрата игра и големата победа. Големината се покажува и во поразите, а Буфон со ваквиот гест само уште еднаш покажува за каков спортист станува збор.

Се вчитува...