Еден е Дончиќ – тројка „од една нога“ со звук на сирена (видео)

Лука Дончиќ цела серија со Панатинаикос се мачеше во нападот, но младиот Словенец блесна кога беше најзначајно, во четвртиот натпревар. Со 17 поени тој беше најефикасен кај „кралевите“ во клучната победа за пласманот на Ф4, а воедно го имаше и моментот на натпреварот, постигнувајќи ја најважната тројка на околу една минута до крајот.

Калатес погоди тројка со која намали на „минус три“, но Дончиќ возврати со иста мера, упатувајќи неверојатен шут со звукот на сирената, погодувајќи со помош на таблата за ерупција од воодушевување во арената во Мадрид.

Погледнете како изгледаше новиот магичен потег на Лука Дончиќ на евролигашките терени.

Се вчитува...