Еден е Гранде Пандев – влезе во игра и веднаш даде гол за Парма

Горан Пандев ја потврди својата фудбалска величина, откако на вториот меч во дресот на Парма веднаш го постигна и првиот гол за новиот тим.

Исто како и на дебито, Пандев влезе во игра во вториот дел, овојпат на самиот почеток од второто полувреме откако неговиот тим на одмор замина со негатива од 0-1 против Порденоне.

Македонецот ја покажа класата откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, од прва со левата нога сместувајќи ја топката под гредата.

Се вчитува...