Еден е Кире Лазаров – рекорд на последниот мундијалски меч

Кире Лазаров го одигра својот последен натпревар на светските шампионати, воедно стигнувајќи до фантастичен рекорд – 500 постигнати погодоци во дресот на македонската репрезентација на големите натпреварувања.

Седмиот и последен гол што Лазаров го постигна денеска беше оној јубилеен погодок број 500 на светските и европските шампионати.

Класата на Кире Лазаров е вечна, а прашање е дали некој некогаш ќе може да го достигне овој рекорд на македонскиот капитен, кој повеќе од две децении со успех го носеше репрезентативниот дрес.

Се вчитува...