Еден е кралот Карло: Прв тренер во историјата кој ги освоил сите ТОП 5 лиги во Европа (ФОТО)

Реал Мадрид воден од легендарниот Карло Анчелоти дојде до својата 35-та титула во клупската историја.

62-годишниот Анчелоти, пак, се запиша во аналите на светскиот фудбал, откако стана единствениот тренер во историјата на фудбалот кој ги освојувал титулите во петте најсилни шампионати на Стариот континент.

Анчелоти ја освои шампионската круна во Италија со Милан, беше шампион на Англија со Челси, шампион и на Германија со Баерн Минхен, ја освои и француската фудбалска круна со Пари Сен Жермен и сега во својот втор мандат на чело на Реал Мадрид дојде до шампионската титула во Шпанија.

Се вчитува...