Еден е Рафа Надал: Вавринка растурен за 10. титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал продолжи да испишува нови страници во тениската историја станувајќи прв тенисер што успеал да стигне до десет трофеи на еден гранслем турнир. Ролан Гарос отсекогаш важел за омилен турнир на Шпанецот, кој со денешниот триумф на Стен Вавринка од 3-0 во сетови стигна до својата десетта круна во Париз, со неверојатен скор од 79 победи и само два порази во своите настапи низ годините на овој гранслем турнир.

Вавринка играше одличн во досегашниот дел од Ролан Гарос, но ниту Швајцарецот не успеа да го запре супер-расположениот шпански ас, кој до овогодинешната титула стигна без ниту еден загубен сет. Вавринка имаше можност за брејк при 1-1 во првиот сет, а откако не ја искористи Шпанецот целосно ја презеде контролата. По 2-2 во гејмови Надал освои дури седум гејма во низа, па по 6-2 во првиот, набрзина поведе и со 3-0 во вториот сет Остатокот од средбата беше рутина за Рафаел Надал, кој најпрвин го доби сетот со 6-3, потоа во третиот набрзина направи брејк, за триумф со конечни 6-2, 6-3, 6-1.

Оваа победа придонесе Надал да скокне на втората позиција на АТП-листата зад Енди Мареј, Вавринка останува треторангиран светски тенисер, додека Ѓоковиќ по загубените бодови (откако лани го освои Ролан Гарос) ќе падне на четвртото место на утрешното рангирање.

Се вчитува...