Еден е Теодосиќ: Цела репрезентација и Тео со песна „еден ден ќе жалат сите што повеќе ме нема…“ (ВИДЕО)

Милош Теодосиќ неочекувано е избришан од списокот на Србија за Евробаскетот, што покрена лавина полемика и критики во српската спортска јавност. Се уште се очекува официјално соопштение, затоа што ниту КСС ниту селекторот Светислав Пешиќ не се огласени на оваа тема.

Во меѓувреме стигнуваат бројни пораки поддршка за капитенот Теодосиќ, дури и бурни реакции…

А, сега се појавува и видео снимка која можеби дава друга нота на целата оваа сага околу еден од најдобрите српски кошаркари. На снимката се гледа Теодосиќ како во друштво на останатите репрезентативци на Србија, се весели на песна со стихови: „Еден ден ќе жалат многумина што повеќе ме нема, ќе остане само песна и спомен на Тео капитенот…“

Песната ја обработи српскиот пејач Никола Роквиќ, е интересно е дека Теодосиќ се весели заедно со Јокиќ, Мичиќ, Гудуриќ, Калиниќ, Милутинов, дури и Богдановиќ во „цивилка“.

Како што е познато Србија ќе учествува на Евробаскетот од 1. септември, а Теодосиќ нема да биде на списокот, ако нешто не се промени во последен час. Моментално селекторот Пешиќ има 17 кошаркари на списокот, и треба да избрише уште пет пред почетокот на шампионатот.

Се вчитува...