Еден гол доволен за победнички старт на Јуве

Јувентус со победа ја отвори новата сезона во „Серија А“ откако актуелниот првак во премиерниот меч од сезоната на гостински терен ја совлада Парма со 0-1.

Џорџо Кјелини го постигна водечкиот погодок кон средината на првото полувреме и се чинеше дека ќе следиме ефикасен меч на „Енио Тардини“. Веднаш потоа мрежата на Парма ја затресе и Кристијано Роналдо, но овој погодок беше поништен поради минимален офсајд, по прегледување на снимката со ВАР-технологија.

Јуве сепак одигра рутински и успеа да го задржи водството до самиот крај, за победнички старт во пресрет на дербито со Наполи што ќе биде на програмата следното коло во Торино.

Се вчитува...