Еден гол доволен за три бода за Тотенхем

Тотенхем и без помошта на неколку стандардни првотимци успеа да слави со 1-0 над Кардиф и да го намали заостанувањето зад водечките на табелата, кои ова премиерлигашко коло го играат утре. Ерик Дајер беше стрелец на единствениот погодок уште во првото полувреме, а гостите од Велс мечот го завршија со десет фудбалери по црвениот картон на Ролс во 58. минута.

Ватфорд можеби до неодамна важеше за најпријатно изненадување, но лондонскиот клуб сега влезе во серија слаби резултати. Така, оваа екипа денеска загуби на домашен терен од Бурменаут со 0-4, Кабаселе доби црвен картон за Ватфорд уште во 32. минута, а гостите знаеја како да го искористат тоа и славеа со головите на Кинг (два), Брукс и на Вилсон.

Резултати Англија: 

Барнли – Хадерсфилд 1-1, Лестер – Евертон 1-2, К. Палас – Вулверхемптон 0-1, Тотенхем – Кардиф 1-0, Ватфорд – Бурнемаут 0-4.

 

Се вчитува...