Еден гол на Бенатија доволен за триумф на Јуве со Рома… (видео)

Јувентус ја продолжува битката за врвот со Наполи во Серија А, откако славеше во дербито на 18. коло во Италија против Рома со 1-0.

„Старата дама“ дојде до триумфот во Торино благодарение на погодокот на Бенатија во 18. минута. Сосема доволен за три бода…

По овој триумф, Јувентус со 44 бода повторно е само на еден бода од водечкиот Наполи. Рома, пак, остана на четвртата позиција со 38 бода.

Се вчитува...