Еден гол на Халанд доволен за три бода за Манчестер Сити

Манчестер Сити успеа да врзе две победи во низа откако славеше со 0-1 на гостувањето против Брентфорд. Еден момент на магија на Ерлинг Халанд беше доволен за тимот на Пеп Гвардиола да ги осигура трите бода, и тоа во раната фаза на мечот.

Гвардиол испрати додавање од сопствената половина, Халанд успеа да го надмудри домашниот дефанзивец и да стигне прв до топката, потоа и рутински да ја смести во мрежата на Келехер. Сити имаше повеќе од играта во првото полувреме, не искористи неколку шанси за втор гол, но како што се приближуваше крајот така Бретфорд ја преземаше иницијативата.

Избраниците на Пеп Гвардиола не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол во второто полувреме, но успеаја да ги затворат приодите до мрежата на Донарума, стигнувајќи до четвртата овосезонска победа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...