Еден гол на Толисо доволен Баерн да го освои Хамбург… (видео)

Баерн Минхен запиша нова победа во Бундеслигата, славејќи на дуелот од 9. коло на гости против Хамбургер со 0-1.

Единствениот гол вреден три бода за баварците го постигна Толисо, на асистенција на Милер, во 52. минута од средбата.

Работата на гостите им беше олесната со црвениот картон за домашниот фудбалер Јунг уште во 37. минута на средбата.

По овој триумф, Баерн Минхен со 20 бода се израмни на врвот од Бундеслигата со Борусија Дортмунд која денеска ремизираше (2-2) на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...