Еден гол за три многу значајни бода за Челси

Челси триумфираше со минимални 1-0 на дуелот против Норвич, стигнувајќи до значајни три бода во трката за место во Лигата на Шампионите.

„Сините“ имаа доминација на теренот, но тешко создаваа шанси против тимот што вообичаено има сериозни проблеми со играта во одбрана. На крајот, пресуден се покажа голот што Жиру го постигна со глава на асистенција на Пулишиќ во последната минута од судиското продолжение во првото полувреме. Избраниците на Лампард имаа неколку убави можности за втор гол, но Крул ги одбрани ударите на Пулишиќ и на Алонсо.

Челси сега има четири бода предност во однос на Лестер и Манчестер Јунајтед, кои в четврток ги играат своите натпревари од 36. коло (Лестер го пречекува Шефилд, Јунајтед му гостува на Кристал Палас).

Се вчитува...