Еден Јанис недоволен за победа над Минесота, Богдановиќ двоцифрен

Актуелниот шампион Милвоки го претрпе и вториот пораз оваа сезона откако загуби на домашен терен од Минесота со 108-113. Неверојатната партија на Јанис Адетокупо во кој постигна 40 поени и забележа 16 скока и 7 асистенции не беа доволни за победа на неговиот тим.

Гостите од Минесота ги предводеше Д’Анџело Расел со 29 поени, 5 скока и 6 асистенции, а него го следеше Карл Ентони Таунс со 25 поени и 7 скока.

Атланта пак влезе во серија на триумфи откако славеше на гостински терен над Њу Орлеанс со 99-102. Тре Јанг беше првото име на мечот с 31 поени, 5 скока и 7 асистенции, додека српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ дополни 12 поени и по 3 скока и асистенции. Грам беше првото име кај домаќините со 21 поен, 5 скока и 6 асситенции, додека Инграм додаде 20 поени и 8 скока.

Во останатите натпревари Шарлот славеше со 111-120 над Орландо, Вашингтон го доби Бостон со 107-116, Мајами триумфираше над Бруклин со 93-106, Торонто победи со 118-110 над Индијана, Оклахома славеше против Лејкерс со 123-115, Сакраменто со 107-110 против Феникс, Портланд го доби дуелот со Мемфис со 116-96, додека до победа стигна и Кливленд кој славеше на гостувањето во ЛА против Клиперс со 79-92.

Се вчитува...