Еден Јокиќ не е доволен – Далас ја прекина серијата на Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас, го совладаа Денвер на свој терен со 111:101. Со тоа тимот на Дончиќ ја прекина серијата на пет победи на Денвер. На тимот на Денвер не му помогна ниту одличниот Никола Јокиќ кој уфрли 35 поени, 16 украдени топки и шест асистенции. Сепак, Далас во своите редови ги имаше расположените Кристапс Порзингис и Лука Дончиќ.

Летонецот уфрли 29 поени, со 11 украдени топки, додека Дончиќ постигна 23 поени.

Атланта го совлада шампионот Милвоки, и со тоа ја прекина лошата серија од шест порази. Јанг и Колинс постигнаа по 23 поени во триумфот на Атланта. Сепак, најефикасен беше Ентони Кол во поразениот тим кој уфрли 29 поени.

Мајами во гости го совлава составот на Оклахома со 103:90. Најнеизвесно беше на дуелот Минесота – Феникс, кој го добија гостите со три разлика. Во текот на целиот меч речиси се играше во егал, а најголемата предноста која ја имаа домашните беше седум разлика. Но, гостите успеаја да стигнат и на крајот да слават триумф.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Бостон 92:98
Детроит – Сакраменто 107:129
Вашингтон – Њу Орлеанс 105:100
Атланта – Орландо 129:111
Њујорк – Индијана 92:84
Далас – Денвер 111:101
Мемфис – Хјустон 136:102
Минесота – Феникс 96:99
Оклахома – Мајами 90:103
Портланд – Торонто 118:113
ЛА Лејкерс – Чикаго 103:121

Се вчитува...