Еден „календарски-слем“ веќе е успешен, останува уште Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

И додека целиот свет го очекува машкото финале на УС опен меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев и тоа дали Србинот ќе успее да стигне до „календарски-слем“, двојки во инвалидски колични Гордо Рид и Алфи Хјуит успеаја во тоа.

Имено тие во финалето на УС опен славеа со максимални 2-0 (6-2 и 6-1) против Фернандез и Кунеида и со тоа титулата ја „Флешинг мидоус“ ја додадоа на освоените трофеи во Австралија, Ролан Гарос и Вимблдон годинава.

Тие се прв пар во историјата во инвалидски колички кој успеал да стигне до ова достигнување.

Новак Ѓоковиќ вечерва ќе има шанса да стигне до титулата со што ќе стане првиот тенисер во опен ерата, а вкупно втор во историјата по Род Лејвер на кој му успеало тоа.

 

 

 

Се вчитува...