Еден од најдобрите фудбалери на Вест Хем се сели во Ливерпул

Ливерпул влегува во трка за потписот на еден од најдобрите фудбалери на Вест Хем Јунајтед, Џерод Боуен. Боуен кој минатата година стигна во Лондон од редовите на Хал имаше одлична сезона во Премиер-лигата, а од доаѓањето во Вест Хем запиша 51 настап на кој постигна и девет гола.

Поливалентниот англиски фудбалер кој може да покрие неколку позиции во нападот е идеално решение за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој обожава такви фудбалери. Ќе може да го користи и во средината и во нападот, со што ќе добие на поголема ширина во новата сезона.

 

Се вчитува...