Еден од најдобрите напаѓачи во Франција одби настап на Мундијалот: „Не сакам на овој начин!“

Напаѓачот на Ленс, еден од најдобрите офанзивци во француското првенство, Одсон Едуар ја одби поканата на фудбалската репрезентација на Хаити да настапи на претстојното Светско првенство 2026.

Шестиот најдобар стрелец во француската лига оваа сезона изјави дека не сака да заземе место во тимот на некого кој бил заслужен што неговата селекција се пласирала на Мундијалот.

Иако има право да игра за Хаити, Едуар смета дека би било неправедно да се приклучи на тимот во последен момент.

„Мислам дека е неисправно да играм на ова Светско првенство. Тие играчи ги поминаа сите квалификации и не сакам да дојдам на готово, и да земам некому место“, рече напаѓачот, нагласувајќи дека настапот на светскиот собир мора да се заслужи преку целиот квалификациски циклус, а не со вклучување во веќе формираниот тим.

Хаити ќе игра на Светското првенство по вторпат во својата историја, а Бразил, Мароко и Шкотска го чекаат во групата. Едуар ќе беше убедливо најпознатото име во нивниот состав, но реши да почека друга можност.

Овој напаѓач постигна 14 гола во 36 настапи за Ленс оваа сезона. Во својата кариера играше за клубови како ПСЖ, Тулуз, Селтик, Кристал Палас и Лестер, а беше и член на помладите француски репрезентации.

Се вчитува...