Еден од најголемите европски ракометни таленти, 19-годишниот Симон Питлик сонува еден ден да игра во дресот на Вардар.
Ракометарот на данскиот ГОГ Гудме кој му даде седум гола на Е. Пелистер во Европската лига, како што вели, сака да игра во македонскиот ракометен гигант Вардар во иднина.
„Бев во Македонија и го гледав Вардар. Ме импресионираше таа атмосфера во сала, начинот на кој во Македонија се сака ракометот и како навивачите го доживуваат овој спорт. Можеби многумина сонуваат да играат во Барселона, ПСЖ, Кил, но мојот сон е за неколку години да играм во Вардар. Навистина од срце го сакам тоа“ – вели Питлик, кој е син на легендарниот дански тренер Јан Питлик.
Симон Питлик веќе играл во Македонија, во составот на Данска на Светското првенство за кадети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА