Еден од најтрофејните српски кошаркари тврди: Владо Илиевски е еден од најталентираните плејмејкери (ВИДЕО)

Еден од најтрофејните српски кошаркари, Душан Ѓорѓевиќ кој во богатата кариера освои повеќе од 30 трофеи гостуваше во подкастот „Јао Миле“ каде имаше пофални зборови и за еден од највлијателните македонски кошаркари на сите времиња Владо Илиевски.

Ѓорѓевиќ и Илиевски беа соиграчи во словенечката Олимпија, потоа и ривали, а Србинот го издвои Македонецот како еден од играчите со најголем талент.

„Имав и некои играчи со кои тренирав и играв против нив како Владо Илиевски. Еден од плејмејкерите кој е многу многу тежок за чување и следење на неговите идеи. Тој беше многу талентиран играч“, изјави Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...