Еден од овие тројца ќе биде наследникот на Гвардиола во Манчестер Сити

Раководството на Манчестер Сити се повеќе размислува за промена на тренерската позиција која ја врши Пеп Гвардиола од 2016 година.

Причина за тоа е неконстантноста во формата на „граѓаните“ кои загубија нови значајни бодови за битката за титула ремизирајќи со Тотенхен со 2-2 и покрај предноста од два голови.

Во тесниот избор за наследник на Шпанецот има три имииња и тоа се Чаби Алонсо, Енцо Мареска и Цеск Фабрегас.

Промената на тренерската позиција нема да дојде до крајот на сезоната, но очекувањата се дека истата ќе биде последна за Гвардиола во Манчестер.

Се вчитува...