Еден сон: Елмас со специјални копачки против Полска и против Австрија (ФОТО)

Елиф Елмас одигра одлично на првите две средби од квалификациите за ЕП 2020, па се очекува асот на Фенербахче да биде стартер и на јунските квалификациски дуели, на домашен терен со Полска и со Австрија. А Елмас подготвено ги дочекува овие средби, за кои специјално за него беа дизајнирани копачки со зборовите „Еден сон“ и „Bir Ruya”.

Станува збор за истата порака, но на македонски и на турски јазик, а сонот е повеќе од јасен – пласман со Македонија на ЕВРО 2020.

Се вчитува...