Едерсон е несовладлив – пет месеци нема примено гол во ЛШ

Едерсон имаше три успешни интервенции уште во првото полувреме од вечерашниот дуел меѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах, на кој голманот на „граѓаните“ ја продолжи својата импресивна серија без примен гол.

Имено, ова беше седми натпревар во низа во Лигата на Шампионите во кој Бразилецот не ја вадеше топката од мрежата. Тој повеќе од пет месеци е без примен гол во ЛШ, откако во октомври 2020 на дуелот со Порто беше совладан од Дијаз.

Едерсон е само шестиот голман во историјата на ЛШ со најмалку 600 минути во серија без примен гол во елитното европско натпреварување. Претходно ова им има успеано само на Јенс Леман, Кејлор Навас, Едвин ван дер Сар, Дида и на Џанлуиџи Буфон.

Се вчитува...