Един Џеко на итна операција, две недели пауза

Репрезентативецот на БиХ, Един Џеко во текот на утрешниот ден ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција по повредата заработена на денешниот натпревар на Рома против Каљари.

Џеко заработи двојна скршеница на јагодичната коска на лицето по што неизбежно мора на операција, по која го очекува најмалку двенеделна пауза.

Рома нема многу да загуби ако се знае дека сега следи пауза во првенството поради репрезентативните активности, но јасно е дека и тоа како Џеко ќе недостасува во составот на БиХ за квалификациските натпревари против Финска и Грција.

Џеко оваа сезона одигра седум натпревари постигнувајќи и четири погодоци за Рома.

Се вчитува...