Един Џеко на втори октомври ќе го одигра последниот меч во дресот на БиХ

Еден од најдобрите фудбалери од овие простори, Един Џеко, најави крај на репрезентативната кариера.

Капитенот на селекцијата на БиХ, потврди дека негов последен меч за националниот тим ќе му биде против Шведска на 2 октомври, со што и дефинитивно ќе стави крај на 19-годишната репрезентативна кариера. За репрезентацијата на БиХ, Џеко одигра 151 натпревар постигнувајќи 73 гола, и ја предводеше до пласман на две Светски првенства.

„Понекогаш знаев да се запрашам кога ќе дојде овој момент. Но, никогаш не можев да замислам колку ќе бидам емотивен додека ги пишувам овие зборови. На 2 октомври против Шведска ќе го одиграм последниот натпревар за нашата репрезентација. Ништо во мојата кариера не може да се спореди со гордоста која ја чувствував секој пак кога го облекував репрезентативниот дрес. Тоа беше сон од детството, сон кој го носев со себе 151 пат кога имав чест да ја претставувам својата земја на фудбалските терени. Поминаа речиси 20 години од дуелот со Турција, многу работи се променија, но мојата љубов кој овој дрес никогаш не се промени. Сега чувствувам дека е време да се повлечам. Да се игра за својата земја беше најемотивната привилегија која ми ја пружи фудбалот. Пласманот на нашето прво Светско првенство во 2014 година се уште е еден од најсреќните моменти во мојот живот како фудбалер. Емоциите кои ги почувствував по голот против Велс, а потоа и во Зеница против Италија во март годинава, засекогаш ќе останат во моето срце. Да се видат моите луѓе како слават на улиците на нашите градови е уште еден неверојатен подарок кој ми го даде фудбалот. Ќе има време да им се заблагодарам на сите кои беа со мене и ме поддржуваа на ова прекрасно патување. Засега само сакам на таа вечер против Шведска да бидете таму и заедно да споделиме уште една емоција бидејќи секој од овие неверојатни моменти ги поминавме заедно. Поради тоа сакам да ја доживеам последната ноќ во репрезентативниот дрес со сите вас, носејќи дрес кој го сакам од мали нозе и кој ќе го сакам до крајот на животот“, стои во писмото на Џеко во кое го најави своето повлекување од репрезентацијата.

Џеко во март наполни 40 години и оваа сезона во која настапува за Шалке, најверојатно ќе му биде и последна во кариерата.

Се вчитува...