Един Џеко се поблиску до дресот на Интер

Рома и Интер ги приближија ставовите околу трансферот на босанскиот интернационалец Един Џеко. Според италијанскиот весник „Газета дело спорт“, Џеко на почетокот на идната седмица би можел да го реализира трансферот на „Џузепе Меаца“.

Рома бараше 20 милиони евра отштета, а Интер во прв момент понуди само 12 милиони евра. Но, преговорите влегоа во напредна фаза и најверојатно ќе се најде начин за заокружување на финансискиот дел од договорот. Целата работа ја убрзува дополнително и тренерот Антонио Конте, кој сака да ја освежи навалната линија, а неговата прва цел Ромалу Лукаку од Манчестер Јунајтед е далеку од реализација.

Се вчитува...