Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани е добитник на наградата „Златно стапало“ за 2018 година. Ова признание им се доделува на фудбалери над 28 години кои постигнале завидни резултати во кариерата.
Во конкуренција за „Златно стапало 2018“ беа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Мануел Нојер, Луис Суарез, Герет Бејл, Серхио Рамос, Роберт Левандовски, Серхио Агуеро и Тијаго Силва, а Кавани доби најмногу гласови.
На гала-свечноста во Монте Карло, покрај Кавани, признанија добија и легенди како Марчело Липи, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф, Леонардо, Дидие Дешамп и Марта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА