Единствениот натпревар на кој Мајкл Џордан немаше никакви шанси за победа (ВИДЕО)

Ерик Барбер  во 80-тите години на минатиот век пишуваше писма до американските медиуми за својот сон да одигра баскет еден на еден против Мајкл Џордан. Ѕвездата на Чикаго Булс мораше мечот да го одигра во инвалидска количка исто како и Барбер. Тогаш 16-годишното момче не очекуваше дека желбата ќе му биде остварена, меѓутоа тоа се случи. Барбер кој во меѓувреме освои две бронзи и на Параолимписките игри, се сеќава на денот кога го победи Џордан, а конечниот резултат беше 20-14.

„Победив на тој натпревар бидејќи Мајкл никогаш претходно немаше играно во количка. Да ја добиеше пред нашиот меч, познавајќи го цела недела ќе тренираше и веројатно ќе ме добиеше“, вели Барбер. 

Се вчитува...