Единствениот пат кога Мурињо плачел после пораз: Седев во автомобилот пред куќата и…

Португалецот Жозе Мурињо за шпанска „Марка“ од Лондон зборуваше за сезоната 2011/2012 кога со Реал ја победи Барселона во трката за шампионската титула во Шпанија, но и испадна по пенал-рулетот од Лигата на шампионите во пресметката со Баерн Минхен.

Мурињо вели дека Реал бил најдобра екипа таа сезона во Европа. Сепак, во полуфиналето од ЛШ беа запрени од Баерн. Пеналите му пресудија на кралскиот клуб. И денеска се памети „свемирското“ промашување на Серхио Рамос.

„И сега тврдам дека Реал таа сезона беше убедливо најдобрата екипа во Европа. Затоа беше тешко да се прифати поразот. Откако бевме елиминирани по пеналите од Баерн Минхен тоа беше единствен пат во кариерата како сум плачел после пораз. Каранка и јас седевме во автомобилот пред мојата куќа и плачевме…“ – открива Мурињо.

Се вчитува...