Една деценија откако Пандев и Интер ја покорија Европа (ВИДЕО)

Пред една деценија, на денешен ден, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев со италијанскиот калчолигаш Интер се искачи на врвот на Европа.

Во финалето на Лигата на шампионите, кое се играше на „Сантијаго Бернабеу“, Интер го совлада Баерн Минхен со 2-0. Стрелец на двата гола за „нероаѕурите“ беше Диего Милито, а дел од стартниот тим на Интер беше и Горан Пандев.

Покрај титулата во елитното натпреварување, Интер сезоната 2009/2010 освои и двојна круна во домашниот шампионат, со што ја комплетираше најуспешната сезона во историјата на клубот.

Со овој трофеј Пандев стана само третиот Македонец кој стигнал до самиот крај во Лигата на шампионите, по Дарко Панчев и Илија Најдоски кои во 1991 година со Црвена Звезда се радуваа на трофејот.

Се вчитува...