Една година до СП во Катар – За првпат и Македонија сонува да се најде меѓу најдобрите

Точно 365 дена не чекаат до Светското првенство 2022 година во Катар. За првпат во историјата и Македонија може реално да сонува за пласман меѓу 32 репрезентации кои следната година во еден нов и различен термин ќе се борат за титулата светски шампион.

Мундијалот во Катар ќе биде различен како ниту еден друг досега. Ќе се игра во ноември и декември, а новиот шампион место на средината, ќе го дознаеме дури на крајот на годината.

13 репрезентации веќе го заверија својот пласман во Катар (Катар, Германија, Франција, Аргентина, Србија, Холандија, Бразил, Англија, Данска, Швајцарија, Белгија, Шпанија и Хрватска).

Македонија на 26. ноември ќе го дознае противникот во баражот од кој ќе бидат добиени последните три учесници на Светското првенство од Европа. Другите континенти се уште ги играат во полн ек своите квалификации, а досега место меѓу најдобрите изборија само јужноамериканските гиганти Бразил и Аргентина.

 

Се вчитува...