Една година од подвигот: Вардар на врвот на Европа, во спортот не е се во парите

Ракометарите на Вардар на денешен ден пред точно една година го направија најголемиот подвиг во историјата на европскиот ракомет, откако триумфираа над Веспрем со 27-24 и по вторпат се искачија на врвот на Лигата на Шампионите. Подвиг, не поради квалитетот, туку поради финансиската криза што владееше во македонскиот првак, натрупаните во текот на целата сезона и фактот дека голем дел од играчите веќе размислуваа за заминување откако беше обелоденето дека на дел од нив им се должат и над 20 плати.

Сепак, „вардарци“ покажаа дека во спортот не е се во парите, многу нешта зависат од срцето и душата на тимот, од карактерот и желбата за победа. Токму тоа се покажа пресудно на 1 и 2 јуни 2019 година во Келн, откако прво со неверојатен пресврт ја совладаа Барселона, а потоа на „менито“ на избраниците на Парондо дојде и Веспрем. Унгарскиот гигант беше мотивиран, без ниту една европска круна во клупската историја, но Манасков и соиграчите немаа шанси против расположените „вардарци“. Македонскиот тим доминираше од почеток до крај, на одмор замина со удобно водство од 16-11, што го задржа до крајот и конечните 27-24.

Мораеш беше најефикасен со шест, Чупиќ постигна пет, Криштопанс четири гола за „вардарци“, но за овој неверојатен успех на „црвено-црните“ најзаслужен беше колективот на чело со Роберто Гарсија Парондо, кој во првата самостојна сезона како тренер наследувајќи го Раул Гонзалес се искачи на врвот на ракометна Европа.

Се вчитува...