Една година по големиот пресврт: Барса уште има кошмари од „Енфилд“ (видео)

Пред точно една година се случи еден од најголемите пресврти во историјата на Лигата на Шампионите, откако Ливерпул ја надополни негативата од 3-0 од првиот меч на „Камп Ноу“ и со триумф од 3-0 на „Енфилд“ ја елиминираше Барселона, пласирајќи се во финалето од елитното европско натпреварување.

Избраниците на Клоп се наоѓаа на работ на амбисот по убедливиот пораз во Барселона, но раниот погодок на Ориги им даде надеж. Барса има за што да жали бидејќи каталонскиот гигант пропушти најмалку три стопроцентни шанси во првото полувреме, за во вториот дел да биде комплетирано чудото на „Енфилд“. Најпрвин Вајналдум со два погодоци во краток рок израмни на 3-3 во вкупниот резултат, пред Ориги со вториот гол да предизвика ерупција од воодушевување, по фантастичното додавање од корнер на Александер Арнолд.

Каталонците беа во шок, до крајот не создадоа ниту една шанса за погодок, па Ливерпул се пласираше во финалето, подоцна закитувајќи се и со пехарот од Лигата на шампионите.

Се вчитува...