Една година суспензија за допингуваниот Гереро

Перу ќе биде без својот капитен Пауло Гереро за претстојниот мундијал во Русија откако ФИФА му изрече суспензија од една година на искусниот голгетер, поради позитивниот допинг тест направен во октомври.

Примерокот на Гереро по дуелот Аргентина – Перу во Буенос Аирес бил позитивен на кокаин, поради што Дисциплинската комисија при ФИФА му изрече суспензија од една година, што стапува на дело од 3 ноември 2017 година.

Гереро и неговите адвокати со огромно разочарување ја примија веста, најавувајќи жалба до Спортскиот суд во Лозана. Според нив, обраната доставила докази дека фудбалерот не користел кокаин, а минималното количество најдено во примерокот на урина е дојдено од листови од чајот што голгетерот го пиел.

Се вчитува...