Една измена од мечот со Словенија – место Адеми се враќа Бејтулаи

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Селекторот Игор Ангеловски во голема мера веќе го „скрои“ стартниот состав за утрешниот натпревар против Полска во 8. коло од Групата Г за пласман ЕП 2020.

Ангеловски, очекувано, нема да има сериозни измени во однос на тимот кој славеше против Словенија со тоа што се чини, принудно надвор од составот ќе мора да биде Аријан Адеми за кого до крај ќе биде неизвесно дали ќе може да помогне поради отокот на ногата. Адеми ги пропушти и двата тренинзи по пристигнувањето во Варшава.

Во една таква ситуација, се чини ќе следи формацијата 4-3-3, со тоа што Бејтулаи се враќа по суспензијата поради три жолти картони, на стоперската позиција заедно со Муслиу, Кире Ристевски и Стефан Ристовски кои повторно ќе бидат пред Столе Димитриевски.

Во средниот ред сега, при веројатно отсуство на Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски и Елиф Елмас заедно со стандардниот Езгијан Алиоски по левата крилна страна, и капитенот Горан Пандев и Илија Несторовски во нападот.

Се вчитува...