Една опција помалку: ПСЖ се откажа од Хари Кејн

Хари Кејн ќе биде посакуван играч на пазарот во текот на летниот преоден рок, бидејќи англискиот репрезентативец ќе влезе во последната година од договорот со Тотенхем, со јасна порака до „спарси“ дека нема намера да ја продолжи соработката со нив. Кејн е желба на неколку врвни клубови ширум Европа, а ПСЖ е првиот од заинтересираните тимови кој реши да се откаже од трката по англискиот голгетер.

Раководството на „светците“ имаше разговори со агентот на Кејн, при што им било соопштено какви се финансиските барања на напаѓачот. Целта на ПСЖ е јасна, клубот се наоѓа под закана од УЕФА за висока парична казна поради прекршување на финансискиот плејоф, поради што се очекува францускиот клуб да не биде премногу активен кога станува збор за ангажман на нови „ѕвезди“ како што тоа беше случај во претходните години.

Приоритет за ПСЖ ќе биде ослободување од играчите со огромни плати како Меси, Нејмар и Серхио Рамос, а Ал Келаифи јасно ставил до знаење дека нема намера да троши богатство на Кејн.

За Англичанецот најреална опција делува останувањето во Премиер-лигата, каде Манчестер Јунајтед и Челси се подготвени да му дадат плата од над 300.000 фунти неделно за да го убедат уште летово да си замине од Тотенхем.

Се вчитува...