Легендарниот тенисер Џими Конорс му испрати порака на Новак Ѓоковиќ. На неодамна завршениот Ролан Гарос, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето, каде во три напнати сета беше сопрен од Јаник Синер.
Српскиот тенисер на тој начин покажа дека и покрај тоа што има 38 години се уште може да ги одмери силите со најдобрите, бидејќи во полуфиналето стигна само со еден загубен сет.
Сега доаѓа Вимблдон, каде Ѓоковиќ има седум титули и играше финале во последните шест години.
„Дали може да го освои Вимблдон? Да, зошто да не? Неговиот успех на гранд-слемите е навистина голем, мора да го признаете тоа. Сигурен сум дека би сакал да стигне до финалето, да го победи Синер и да го искористи тоа зголемување на самодовербата. Но, постојано повторувам… Тој станува се постар и постар, да се игра против овие деца не е лесно, особено во овие натпревари од три сета“, изјави Конорс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА