Една „вардарка“ меѓу најдобрите: Цвијиќ во Олстар – тимот на ЛШ

Пикерката на Вардар, Драгана Цвијиќ, е единствената „вардарка“ избрана во идеалниот состав на Лигата на шампионките, во пресрет на завршниот Ф4 турнир што овој викенд ќе се одржи во Будимпешта. Иако беа номинирани четири „црвено-црни“ ракометарки, голман – Амандин Лејно, лев бек – Андреа Пенезиќ, пивотмен – Драгана Цвијиќ, десен бек – Александра Лакрабер, единствено црногорската интернационалка се најде меѓу најдобрите.

Во Олстар – тимот на ЛШ во женска конкуренција се најдоа…

Голман: Кари Алвик Гримсбо (Ѓер), лево крило: Сираба Дембеле (Ростов Дон), лев бек: Кристина Неагу (ЧСМ), централен бек: Вероника Кристиансен (Митјиланд), пивот: Драгана Цвијиќ (Вардар), десен бек: Ана Грос (Мец), десно крило: Јулија Манагарова (Ростов Дон).

За најдобра одбранбена ракометарка е избрана Сузана Томори (Ѓер), а најдобра млада ракометарка е Тјаса Станко (Крим).

Најдобар тренер во ЛШ за тековната сезона е Мартин Амброш (Ѓер).  Во номинациите беше вклучена и Ирина Дибирова, шефот на стручниот штаб на Вардар.

Се вчитува...